ИАКО БЕА ВО ИГРАЧКИ ДЕФИЦИТ РОСОМАНЧАНИ ИСПУШТИЈА ПОБЕДА ВО 88 МИНУТА

Росоман и Кит-Го од Пехчево oдиграа натпревар во кој на крај немаше победник. Во крајно резултатски неизвесен дуел по последниот судиски свиреж резултатот беше 2-2 (1-1). Росоман поведе со голот на Миланов но во 25 мин судијата поради игра со рака му покажа црвен картон на Темков и досуди пенал за гостите кој го реализираше Алексовски. Потоа судијата досуди усте еден пенал за гостите но голманот на Росоман Ангелков го одбрани овој удар. Следуваше и пенал за Росоман кој го реализираше Дуков за водство од 2-1. И на крај среката им го сврте грбот на Росоманчани во 88 мин. бидејки топката која ја упати Алпај Јусуф на патот кон голот на Росоман заврши во нечие тело го смени правецот, го измами голманот Ангелков и заврши зад неговиот грб.

м.в.