ТИКВЕШ ВО НЕГОТИНО ЈА ПРЕЧЕКУВА ШТИПСКА БРЕГАЛНИЦА

Утре на програмата се средбите од редовното 5 коло во двете втори македонски фудбалски лиги. Во источната конкуренција ова коло ке мине во знакот на големото дерби помегу двете првопласирани екипи на табелата.Утре со почеток од 15.30 екипата на „ГФК Тиквеш“ ке го пречека тимот на „Брегалница“ од Штип. Двете екипи сезонава се со амбиции за највисок пласман што и го покажаа по 4 одиграни кола.Досега двете екипи имаат скор од три победи и еден нерешен резултат но „Тиквеш“ има подобра гол разлика. Нашите знаат дека треба да играат претпазливо, мудро и да се обидат да извлечат полн плен со што ке се одлепат од директниот конкурент. Затоа утре во Неготино се очекува мошне квалитетна фудбалска претстава.

Тимот на „Росоман83 “ во ова коло гостува во Радовиш кај екипата на „Плачковица“. Росоманчани се задоволни од 7 бода кои ги освоија досега но сакаат да го зголемат ова салдо. Од друга страна „Плачковица“ досега има освоено само 1 бод и ке сака токму против „Росоман“ да ја забележи првата победа сезонава.

За сите љубители на фудбалот директен пренос од средбата „Тиквеш“ - „Брегалница“ утре на фејсбук профилот на RTK.MK од 15.30 ч.

м.в.