ПРВЕНСТВОТО ПРОДОЛЖУВА СО 10 КОЛО СЛЕДНИОТ ВИКЕНД КОГА ТИКВЕШ ЈА ПРЕЧЕКУВА ПЛАЧКОВИЦА

Со средбите од 9 коло заврши првиот круг од натпреварувањето во ВМФЛ група исток. Фудбалерите на „Тиквеш“ во 9 коло ја потврдија фаворитската улога и успеаја да освојат три бода совладувајки ја „Каменица Саса“ во Росоман со 3-0. Убедклива беше и штипска „Брегалница“ која на домашен терен го совлада „Росоман“ со 6-1. Табелата по првиот круг изгледа вака:

1 „Тиквеш“ 9 7 2 0 22:3 19 23

2 „Брегалница“ Штип 9 7 2 0 23:7 16 23

3 „Кожуф“ 9 4 4 1 13:9 4 16

4 „Слога“ Виница 9 3 3 3 11:15 -4 12

5 „Кит-Го“ Пехчево 9 2 3 4 12:18 -6 9

6 „Осогово“ 9 1 6 2 12:16 -4 9

7 „Саса“ 9 2 2 5 8:13 -5 8

8 „Победа“ 9 2 2 5 10:12 -2 8

9 „Росоман 83“ 9 2 1 6 13:28 -15 7

10 „Плачковица“ 9 1 3 5 6:9 -3 6

Средбите од следното 10 коло ке се одиграат следниот викенд а „Тиквеш“ повторно ке игра како домакин пречекувајки ја последнопласираната „Плачковица“ на „нашиот“ Љупчо Димитковски. И „Брегалница“ повторно ке игра на домашен терен. Овој пат во Штип доаѓатимот на „Каменица Саса“. Екипата на „Росоман“ повторно ке гостува но овој пат во Виница кај екипата на „Слога“. Во останатите средби „Кит Го“ ја пречекува „Победа“ а „Осогово“ ке игра со „Кожув“.

м.в.