МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КЕ ИМА ЛИ БРЕГАЛНИЦА ЛЕСНА ЗАДАЧА СО ТИМОТ НА КОЖУВ ?

12 коло од втората лига исток не би требало да донесе некои поголеми изненадувања. Во борба за самиот врв „Тиквеш“ би требало да ја оправда фаворитската улога во дуелот со „Осогово“ но факт е дека сезонава сите играат со посебни мотиви кога играат против кавадаречкиот состав кој е главен претендент за највисок пласман. Затоа далеку од тоа дека дуелот со кочанчани ке биде лесен за кавадаречките фудбалери кои едноставно мора да играат на победа но исто така мора да играат и претпазливо бидејки киксови веке не доаѓаат во предвид. Најинтересно би требало да биде во Штип каде фаворизираната „Брегалница“ го пречекува „Кожув“ но откако гевгеличани во минатото коло одиграа за штипјани против „Тиквеш“ сега сите очекуваат оваа средба да биде само формалност за „Брегалница“. Екипата на „Росоман“ во обидот да избега од претпоследната позиција во ова коло има тешко гостување во Пехчево кај екипата на „Кит Го“. Сооглед на фактот што росоманчани негуваат фајтерски фудбал секој резултат на оваа средба е во оптек. Во останатите средби „Победа“ во Прилеп го пречекува тимот на „Саса“ во дуелот на екипите кои досега собраа идентичен број на бодови - 11. Последно пласираната „Плачковица“ ке има тешко гостување во Виница кај тимот на „Слога“. Да напоменеме дека средбата „Тиквеш“ - „Осогово“ ке се одигра утре со почеток во 13 часот во соседно Неготино, а директен пренос за сите љубители на фудбалот обезбеден на РТК.МК

1 „Брегалница“ Штип 11 9 2 0 29:8 21 29

2 „Тиквеш“ 11 8 3 0 28:5 23 27

3 „Кожув“ 11 4 6 1 14:10 4 18

4 „Слога“ Виница 11 3 4 4 12:18 -6 13

5 „Осогово“ 11 2 7 2 13:16 -3 13

6 „Кит-Го“ Пехчево 11 3 3 5 13:19 -6 12

7 „Саса“ 11 3 2 6 10:16 -6 11

8.„Победа“ 11 3 2 6 12:14 -2 11

9 „Росоман“ 11 2 2 7 15:31 -16 8

10 „Плачковица“ 11 1 3 7 8:17 -9 6

м.в.