МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ИАКО КАВАДАРЧАНИ ОЧЕКУВАА ДЕКА И ВО ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ МИШОВ КЕ МУ ПРАВИ ДРУШТВО НА ХРИСТОВ ВО НАПАДОТ СЕПАК НИШТО ОД ТОА

На првиот тренинг со новиот тренер Пане Блажевски недостигаа двајца фудбалери. Младиот Наумчески беше на терапија а за Александар Мишов добивме информација дека го раскинал спогодбено договорот со „Академија Пандев“ и дека постоеше опција да си замине од Кавадарци бидејки за него беше заинтересиран и тимот од Струга. Се чекаше неговата одлука за да клубот знае дали ке треба да ангажира ново име во нападот кој би му правел друштво на Христов. Ниту Кавадарци ниту Струга - Александар Мишов и официјално е новиот напаѓач на екипата на „Борец“ од Велес. Мишов има големи мотиви да се докаже во прволигашката конкуренција затоа што во изминатиот период постојано беше на релација „Академија Пандев“ – „Тиквеш“, а сега би требало да добие сериозна шанса да настапува во најсилната конкуренција што најверојатно и беше пресудно во неговиот избор.Се работи за напаѓач кој може да одговори на сите позиции во навалната линија. Неговото заминување од „Тиквеш“ му створи мали проблеми на управата и стручниот штаб на „Тиквеш“ но неофицијално дознаваме дека клубот бил подготвен за вакво нешто и би требало во најскоро време да се најде соодветна замена за Мишов.

м.в.