ОДЛОЖЕНИ ДВЕ СРЕДБИ А НА ТРИТЕ КОИ СЕ ОДИГРАА СЛАВЕА ГОСТИНСКИТЕ ЕКИПИ
Фудбалските второлигаши од групата исток го одиграа некомплетното 20 коло. Брегалница очекувано со 1:2 славеше во Виница против Слога. И Кожув славеше на гостински терен на гостувањето кај Росоман со резултат 1:4. Доминацијата на гостите ја потврди Саса која со 0:2 славеше во Кочани против Осогово. Обилните снежни врнежи ги одложија средбите Победа - Тиквеш и Плачковица - Кит Го. ФФМ веднаш изреагира и ги презакажа овие две средби за среда 24 март.
М.В.