МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Како што пишува денешен sportmedia.mk „ Решено е тренерското прашање во Тиквеш. Пане Блажевски е новиот стратег на второлигашот од Кавадарци, и доаѓа на местото на Раде Цицмиловиќ кој го одработи поголемиот дел од есенскиот дел од шампионатот.

Оваа иформација за Спортмедиа ја потврдија извори од клубот, а Блажевски ќе се појави на прозивката по нова година.

Во Кавадарци во моментов се случува една убава фудбалска приказна, клубот е во нагорна линија што се вели и е на прагот да се врати во прволигашката конкуренција. Има заостаток бодовен, зад прволпласираната Брегалница во источната конкуренција, но многу веројатно дека бараж мечот на Тиквеш нема да му избега.„

извор :sportmedia.mk