МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ТИМОТ ОД ГРАДСКО МИНИМАЛНО ГО СОВЛАДА ПИТУ ГУЛИ ДОДЕКА ВАРДАР ГО ДЕКЛАСИРАШЕ МЛАДОСТ УДОВО СО 5:0

21 коло во третата лига југ помина без поголеми потреси. Лидерот на табелата, екипата на Локомотива од Градско ја одржа предноста пред следбениците откако потешко од очекувањата со минимални 1:0 го совлада тимот на Питу Гули со голот на Шабановски во 83 мин. Второпласираниот тим на Ново Црнилиште немаше проблеми на гостувањето во Крушево каде го совлада тимот на Младост со убедливи 0:6. И Вардар во Неготино забележа висока победа од 5:0 против Младост од Удово. Три гола постигна Ѓорѓи Шишков, а по еден Јане Стојанов и Игор Ѓорѓиев. Со оваа победа Вардар се искачи на третата позиција но и натаму заостанува многу зад двете водечки екипи а има и натпревар повеке. Изненадувањето на колото го направи Големо Коњари кое на домашен терен го победи фаворизираниот Превалец со минимални 1:0. И Обршани им се врати на победите откако го совлада Дојранско Езеро со 2:0. Средбата Братство - Динамо ке се одигра во среда на 7 април. Во ова коло слободни беа екипите на Марена и Напредок бидејки екипата на Илинден од Башино СЕло ја снајде истата судбина како и екипата на Габер.

М.В.