ДАЛИ ВООПШТО КЕ ПРОДОЛЖИ ОВА НАТПРЕВАРУВАЊЕ И ДАЛИ ЛОКОМОТИВА КЕ БИДЕ НОВИОТ ВТОРОЛИГАШ
Фудбалските третолигаши изминатиов викенд не ги одиграа редовните кола пред се заради одлуката на владата за задолжителен ПЦР тест за сите екипи пред секој натпревар што претставува огромен дополнителен трошок за и така сиромашните каси на третолигашите.
Засега нема информации кога и дали воопшто ке продолжат натпреварите во третите лиги а информациите од клубовите велат дека и велигденските кола нема да се играат. Покрај третата лига на неодредено време се одложија и општинските лиги,футсалот, младинските лиги и првата женска фудбалска лига. До кога - никој нема одговор. Ако не продолжи натпреварувањето, влез во втора лига исток ке обезбедат првопласираните екипи од третите лиги - југ и исток. Во втора лига запад ке влезат двајца од трите шампиони на третите лиги север, запад и југозапад кои ке играат бараж. Од третите лиги кои бројат до 12 екипи директно испаѓаат последните две екипи, а од оние кои бројат до 16 екипи испаѓаат последните три.Може да се случи да испаднат и повеке екипи во зависност од територијалната припадност на екипите кои испаѓаат од вторите лиги. Екипите кои се откажале или се дисквалификувани можат да го зголемат бројот на екипи кои испаѓаат како што е пример со екипите на Габер и Илинден БС од третата лига југ. Според некои информации можно е од оваа лига екипите на Дојранско Езеро и Младост Удово да бидат префрлени во друг регион по сопствено барање бидејки во јужниот им се преголеми патувањата и трошоците за истите.
М.В.