МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЛОКОМОТИВА ВО ГРАДСКО ПРОТИВ СЛОГА И ТИКВЕШ ВО КАВАДАРЦИ ПРОТИВ РЕНОВА КЕ БРКААТ ПРВИ СЕЗОНСКИ ПОБЕДИ

Заради тридневната жалост на територијата на цела Македонија, планираните натпревари од 3 коло во Втората македонска фудбалска лига, Исток и Запад, наместо во сабота ќе се одиграат во недела во истиот термин. Двојките во западната конференција се ОХРИД - СИЛЕКС, ТЕТЕКС - КАДИНО, ГОСТИВАР - БЕСА, КОРАБИ - ВЕЛЕШТА и ВАРДАР - ВОСКА. Паровите за истокот се ОСОГОВО - БРАТСТВО, ПОБЕДА - САСА, ДЕТОНИТ - КОЖУВ, БЕЛАСОЦА - КИТ ГО а екипата на ЛОКОМОТИВА во Градско на домашен терен ке ги брка првите второлигашки бодови во дуелот со тимот на СЛОГА од Виница.Тоа значи дека недела максимално ке биде исполнета со фудбал бидејки и прволигашите ке го одиграат редовното 6 коло. Двојките се Шкендија и Шкупи по меѓусебен договор средбата ке ја одиграат во вторник а во недела од 16 часот ке играат : СТРУГА ТЛ - СКОПЈЕ, БОРЕЦ - ПЕЛИСТЕР, АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ - МАКЕДОНИЈА Ѓ.П., РАБОТНИЧКИ - БРЕГАЛНИЦА, а во Кавадарци на градскиот стадион ГФК Тиквеш ја пречекува Ренова. Оваа средба за прволигашот од Кавадарци е од исклучителна важност бидејки домакинот по 5 кола сеуште е без победа и буквалнооваа средба е од оние кои едноставно мора да се добијат пред се за подобрување на атмосферата и враќање на самодовербата. Сите натпревари ќе почнат со минута молчење во знак на почит кон трагично починатите.

М.В.