МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СО КОЈ КЕ ВКРСТИ ГФК ТИКВЕШ ВО БАРАЖОТ - ВЕЛЕШТА, ОХРИД ИЛИ ГОСТИВАР

На две кола до крајот од втората лига исток Брегалница и официјално се промовира во нов прволигаш. Штипјани во 25 коло со 3:0 го совладаа Кожув и следната сезона ке играат во фудбалската елита. Тиквеш си ја потврди втората позиција и со 3:1 го совлада Кит Го. Со ист резултат Победа го совлада Росоман а незаинтересираната Саса загуби на домашен терен од Плачковица со 1:2. Слога во најдобриот натпревар сезонава за Виничани славеше над Осогово со 4:0. Во источната конференција останува најинтересно да се види токму разврската меѓу овие две екипи. На западот Скопје се промовираше во нов прволигаш. Борбата за втората позиција стана мошне интересна бидејки за истата рамноправно конкурираат екипите На Велешта, Охрид и Гостивар а и кавадарчани со нетрпение очекуваат да дознаат кој ке им биде противник во баражот.

М.В.