МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПО ВРАЌАЊЕТО ОД ОХРИД ГФК ТИКВЕШ КЕ ПРОДОЛЖИ ДА ЈА ТЕМПИРА ФОРМАТА ВО КАВАДАРЕЧКАТА БАЗА

Викендов, екипата на ГФК Тиквеш во рамките на подготвителниот период кој го одработуваат во Охрид, одигра два контролни натпревари. Прво во саботата кавадарчани одиграа две полувремиња по 30 мин со екипата на Охрид а средбата заврши без голови 0:0. Вчера на стадионот „Билјанини извори“ во рамките на четвртиот контролен натпревар ГФК Тиквеш го забележа и првиот пораз и тоа против екипата на Фк Ренова. Ренова славеше со 1:0 со гол постигнат уште во 2 мин.На овој натпревар шанса добија поголем дел од фудбалерите кои се на располагање на стручниот штаб.

М.В.

217497893_257180192459204_7506016575992273502_n 217547355_545809533266043_795127342063982638_n