МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Тиквеш во финалето утре недела-игра со подобриот од средбата Металург-Победа.

Александар Анѓелков е новиот херој на градскиот фудбалски клуб Тиквеш, откако голманот на тимот од Кавадарци остана несовладан во три од четирите пенали, притоа обезбедувајќи му на својот тим место во финалето на традиционалниот меморијален турнир „Вуко Каров“. Во регуларниот дел, натпреварот Тиквеш - Борец заврши без голови, 0-0.

16683917_249867382130811_3859564043808959325_n.jpg

Ова е накратко епилогот од првиот полуфинален натпревар од меморијалниот турнир „Вуко Каров“ кој во име на Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци, за отворен го прогласи советникот Блаже Тасев, а традиционално и годинава почетниот удар го изведе Тоше Каров, внук на Вуко Каров.

Иако ја имаа иницијативата, шансите, но и играч помалку во текот на целото второто полувреме откако Темков беше исклучен во 43та минута од првото полувреме, фудбалерите на Тиквеш не успеаа да ја погодат мрежата. Немоќни во позициона игра, гостите од Велес својата шанса најчесто ја бараа преку контра напади, но и по 90 минути игра, остана почетниот резултат, 0-0.

Сигурни во ударите од белата точка и со фантастичниот Анѓелков на голот кој успеа да им одбрани два пенали на гостите, кои патем погодија и пречка, фудбалерите на Тиквеш пред околу 1000 присутни на градскиот стадион прославија победа од 4-1 и го заверија пласманот во финалето кое на програма е утре со почеток од 14 часот.

Противник на кавадаречките фудбалери во натпреварот за насловот ќе им биде подобриот од натпреварот Металург - Победа кој се игра во моментов.