МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На две кола до крајот - Шкупи е шампион, Борец и Пелистер испаѓаат а Тиквеш и Скопје ке играат бараж за опстанок

Фудбалското првенство на Македонија влегува во интересна завршница а останаа само две кола до крајот. Во 31 коло кое се одигра вчера се постигнаа неколку мошне интересни резултати. Академија Пандев ја победи Шкендија со 4-2 и го превзеде второто место на табелата, а Македонија Ѓорче Петров со гол во 98. минута од пенал се спаси од пораз на гостувањето кај Шкупи одигра 1-1 и остана во игра за Европа. Работнички со гол во 96. минута го победи Борец со 2-1 и ги реши сите дилеми околу долниот дел од табелата. Тие опстануваат во лигата, Скопје и Тиквеш ќе играат во баражот, а Борец и Пелистер испаѓаат. Во останатите натпревари Струга со 1-0 беше подобра од Брегалница, а Скопје со 4-2 го совлада Пелистер. Во Кавадарци Тиквеш беше поразен од Ренова со 0-1 во средба во која се виде дека кавадарчани уште од сега размислуваат само за баражот. Мора да споменеме дека тренерот Костов не можеше да смета речиси на десетина фудбалери што заради жолти картони што заради повреди а во составот има и неколку реконвалесценти па затоа и настапи со комбиниран состав во обидот да сочува одмори и поштеди неколку фудбалери за предизвикот наречен бараж за опстанок во елитата.

viber_image_2022-05-05_11-09-52-623

М.В.