МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Стружани се фаворит на хартија но кавадарчани покажаа дека знаат и можат против фаворитите

Фудбалските прволигаши во недела ке го одиграат 16-тото коло. Двојките се: Скопје - Шкупи, А.Пандев - Брегалница, Борец - Македонија ЃП, Работнички - Ренова и Шкендија - Пелистер. ГФК Тиквеш ке има тешко гостување кај Струга ТЉ. Стружани во средата обезбедија место во полуфиналето од купот откако на пенали ја совладаа Шкендија, а на кавадарчани им гори под нозете и ке сторат се да го изненадат фаворитот на хартија.Второлигашите ке го одиграат 13 коло. На истокот Локомотива во Градско ке го пречека Осогово а дербито се игра во Прилеп каде Победа ја пречекува Слога од Виница. Останатите парови се КитГо - Братство, Кожув - Беласица и Детонит - Саса. Во западната конференција дербито го играат Воска и Силекс а во останатите средби се срекаваат Вардар - Велешта, Кораби - Беса, Гостивар - Кадино и Тетекс - Охрид.

М.В.