МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани загубија но воопшто не разочараа

На средбата Шкупи – Тиквеш паднаа 5 гола а на останатите 4 средби од 21 коло паднаа исто толку. ГФК Тиквеш загуби на гостуванјето кај лидерот со 3-2 но не разочара. Шкупи во 57 мин со голот на Сандеј во најмала рака од еден сомнителен пенал водеше со 2-0. Андреј Лазаров во 77 мин намали на 2-1. Во 86 мин киксна кавадаречката одбрана а Сандеј казни за 3-1. Нгоба во 88 мин намали на 3-2. Во судиското продолжение една сомнителна ситуација за пенал на Тиквеш но судиите не реагираа па Шкупи си впиша 3 бода. Н а останатите средби Шкендија - Академија Пандев 0-0, Борец – Струга 0-1, Скопје – Работнички 0-1 и Македонија ЃП – Брегалница 2-1. Средбата Пелистер – Ренова не се одигра заради снежна покривка на стадионот во Битола и би требало да се одигра денес во Охрид.Второлигашите го одиграа 17 коло. На истокот Беласица – Локомотива 6-0, Саса – Братство 0-1, Детонит – Победа 0-0, Кожув – Слога 1-1 и Пехчево – Осогово 0-1. На западот во дербито Вардар – Тетекс 2-0, Беса – Силекс 0-0, Воска – Охрид 1-0, Велешта – Кадино 2-0 и Кораби-Гостивар 1-3.Стартуваа и третолигашите од групата југ а се постигнаа следниве резултати Марена – Младост 1-0, Вардар Неготино – Големо Коњари 3-2, Росоман – Ново Црнилиште 5-1, Бучин – Возарци ДМД 1-0, Слога – Динамо 1-0, Превалец – Напредок 3-0 сл. и Обршани – Питу Гули 0-1.

M.В.