ВЕКЕ УТРЕ ТРЕТОЛИГАШИТЕ КЕ ГО ОДИГРААТ ВОНРЕДНОТО 20 КОЛО ВО КОЕ ЛИДЕРОТ ЛОКОМОТИВА КЕ БИДЕ СЛОБОДНА
Нема време за одмор кај фудбалските третолигаши од групата југ бидејки веке утре, среда 31 март, ке го одиграат вонредното 20 коло.
Лидерот на табелата, екипата на Локомотива од Градско откако само во едно коло им го предаде врвот на табелата на противниците, не само што се врати експресно туку и се одлепи на 7 бодови од најблискиот конкурент па сега мирно во ова коло ке го следи развојот на настаните бидејки се слободни. Второпласираниот тим на Ново Црнилиште во ова коло не би требало да има проблеми бидејки нагости му доаѓа екипата на Питу Гули. И забревтаниот тим на Братство не би требало да има проблеми иако игра нагости во Кривогаштани кај екипата на Младост 1930. Две средби привлекуваат посебно внимание. Екипата на Вардар од Неготино ке има тешко гостување во Дојран на екипата на Дојранско езеро. Дојранчани имаат квалитетен тим и се незгоден противник па неготинчани ке мора добро да се намачат доколку сакаат да освојат бодови и останат во трка за врвот. Вториот натпревар е средбата Превалец - Обршани каде домакинот е благ фаворит.
Марена во ова коло ке има тешко гостување во Крушеани кај Напредок додека во пресметките од долниот дел на табелата Младост во Удово ке го пречека Илинден од Башино Село додека Динамо ке игра со Големо Коњари.
М.В.