МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ФФМ по втор пат го промени стадионот на кој ке се играа баражот помеѓу Тиквеш и Воска

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе нова одлука бараж натпреварот помеѓу Тиквеш и Воска да се игра во Струмица на стадионот „Младост“. Првичната локација за мечот беше Прилеп, но неколку часа по ждрепката од ФФМ стигна известување дека дуелот ќе се игра во Скопје по што следуваше реакција од Тиквеш кој се закани дека нема да го игра баражот бидејќи смета дека промената е направена под притисок. Сега ФФМ излезе со ново соопштение за нова локација, сппоред која мечот ќе се игра на стадионот „Младост“ во Струмица. На зеднички состанок на Комисијата за безбедност и Комисијата за натпреварување во рамки на ФФМ во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) беше донесена одлуката за одредување на стадионот за одигрување на натпреварот. ФФМ преку Комисијата за безбедност испрати допис до МВР со барање информации во делот на преземање на безбедносни мерки за се одигра во најдобар ред бараж мечот Тиквеш - Воска и Комисијата за натпреварување ќе постапи согласно добиените информации. Од Фудбалската федерација на Македонија велат дека ќе направат сѐ што е во нивна надлежност двата бараж дуела да се одиграат во спортска, фер и коректна атмосфера и дека ги радува тоа што интересот на публиката за овие натпревари е огромен.

М.В.