Во третата лига југ Марена се распуца а 8 различни стрелци го испратија Бучин со 12 гола во мрежата
Третолигашите од групата југ беа расположени и постигнаа 37 гола на 6 средби. Вардар Неготино ја продолжи победничката серија и со 0-4 славеше на гостувањето во Кривогаштани кај екипата на Младост. Локомотива од Градско одигра 1-1 на гостувањето кај Канатларци а Росоман загуби катастрофално со 7-0 во дербито со Питу Гули на гостински терен. Во второто дерби Превалец и Големо Коњари одиграа 3-3, а Обршани загуби дома од Слога Лажани со 2-4. Најубедливата победа ја забележа Марена која играше со Бучин. По воведните два порази Маренци ги испратија гостите со по еден гол за секој фудбалер од стартните 11 плус еден и за нивниот тренер. Марена - Бучин 12-0.
М. В.