Пробаскет гостува кај Струга додека Трокал ја пречекува Риниа во обидот да останат непоразени
И кошаркарките викендов ке ги одиграат последите средби за оваа година. Во елитната група А во домашното првенство ке се одиграат средбите од 11 коло. Кошаркарките на Пробаскет имаат лоша полу сезона и по 10 кола имаат 10 порази а во ова коло гостуваат кај Струга екипа која е апсолутен фаворит и еден од претендентите за висок пласман.Во останатите средби Работнички - Бадел, Вардар - Кр. Паланка и МЗТ - Баскет Кам.Екипите од групата Б веке го одиграа последното коло за 2021. Остана уште само да се одигра средбата Трокал - Гостивар. Станува збор за натпревар од 9 коло во кој домакинот е фаворит како лидер во оваа група. Средбата Трокал - Риниа се игра во сабота со почеток од 14:00 часот во спортската сала Партизан. Доколку кавадарчанки слават победа тогаш оваа година ке ја завршат со максимален ефект односно ке останат непоразени.
М.В.