МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

МКК „Еуроникел“ и официјално ги подмири сите финансиски обврски кои ги имаше кон оние играчи што минатата сезона го носеа дресот на овој клуб. Кавадаречкиот прволигаш и официјално ги исплати платите за април и мај на играчите од минатата сезона. Во време на пандемија во тој период првенството беше прекинато , не се играше ниту се тренираше но управата на клубот во договор со играчите постигна согласност на сите да им исплати плати за месец април и мај во висина од 50 % од месечните примања. Ова го потврди генералниот менаџер на клубот Ванче Филковски кој заедно со капитенот Јане Петровски ја потпишаа согласноста. Петровски се заблагодари во име на сите кошаркари и домашни и странски и само истакна дека со овој потег „Еуро Никел“ на сите им покажа како клубовите треба да се грижат за играчкиот кадар м.в. 118763682_3629045830472843_4045129837298679249_n (1)