ПРОБАСКЕТ ГО СОВЛАДА МЗТ НА ГОСТИ А ТРОКАЛ ДОМА ГО СОВЛАДА ГОСТИВАР
Изминатиов викенд се одигра редовното 12 коло во првата женска кошаркарска лига.Во групата исток кошаркарките на „Пробаскет“ гостуваа во Скопје кај екипата на „МЗТ“ и забележаа важна победа со резултат 54:61 со што ги задржаа шансите за плеј-офот. Кошаркарките на „Баскет КАМ“ го добија дербито на двете непоразени екипи против „Вардар“ со изненадувачки високи 66:89 на теренот на противникот во салата „Под Кале“. Во групата запад девојчињата од екипата на „Трокал“ се надминаа себеси и ја забележаа третата првенствена победа совладувајки го тимот на „Гостивар“ на домашен терен со 55:43. Екипата на „Бадел“ немаше никакви проблеми во дуелот со „Пантери“ на гостински терен кој го реши во своја корист, со убедливи 32:90. Сепак лидер во оваа група со два одиграни натпревари повеќе, е „Работнички“. Тие во ова коло беа поуспешни од „Струга“ со резултат 58:38.
м.в.