МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ГОСТИВАРЧАНИ МНОГУ ПОВЕКЕ ЈА ПОСАКУВАА ОВАА ПОБЕДА И МУ ГО НАНЕСОА ПРВИОТ ПОРАЗ НА НАШИОТ ТИМ

Кошаркарите на „Еуроникел“ го доживеаа првиот пораз во новата сезона а екипата на домакинот „Гостивар“ дури во третиот обид дојде до првата сезонска победа. „Гостивар“ - „ЕуроНикел“ 96-87 (25-20, 22-21, 26-19, 23-27). Нашите кошаркари поведоа на стартот со 7-12, но „Гостивар“ се врати со серија од 10-2 па дојде до највисоки за нив 22-16 односно 25-20 на крајот на првиот дел. Во вториот период домашните продолжија во ист ритам и дојдоа до двоцифрени 36-24, но „ЕуроНикел“ до полувремето успеа да намали на 47-41. Лоша третата четвртина за кавадарчани во која гостиварчани стигнаа до позитива од 17 поени (70-53).„ЕуроНикел“ почна трпеливо да ја намалува разликата па во последните две минути се влезе со само шест поени негатива 89:83 во корист на Гостивар. Сепак домаќинот успеа да го одбрани последниот обид на кавадарчани, и да стигне до посакуваната победа.Малком Амстед со 28 поени и 8 скока беше прв стрелец, Тодоровиќ запиша 22 поени на кои додаде и 12 скока. По 13 поени имаа Мозли и Костоски. Кај „ЕуроНикел“ Мијатовиќ имаше 26 поени, Соколов запиша 18, Петровски 16 а Казарновски 10 поени.

м.в.

https://www.youtube.com/watch?v=8xkajSVSbtA&feature=youtu.be&fbclid=IwAR16R2vzH7SySfDadSO_V6CCSSGzr8L4CqMrQftCA5FXN8nTdOFXQU1RPA8