МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

4 КОЛО ОД ПРВАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА КОЕ ТРЕБАШЕ ДА СЕ ИГРА НА 11 НОЕМВРИ ПОМЕСТЕНО КОМПЛЕТ НА 14 НОЕМВРИ

Во македонската кошаркарска елита се одиграа три кола засега. Но претстојното 4 коло донесе ситни проблеми. Имено средбите од 4 коло требаше да се одиграат утре иако некои натпревари ке беа одложени заради настапи на меѓународна сцена на некои клубови. Во рамките на третото коло беа постигнати следниве резултати:

„Кожув“ – „Работнички“ 84:95

„Академија ФМП“ – „Куманово“ 91:89

„МЗТ Скопје УБ“ – „Црн Дрим Грин мобил“ 75:78

„Гостивар“ – „Еуро Никел 2005“ 96:87

ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ

„Вардар“ – „МЗТ Скопје Аеродром“

„ТФТ“ – „Пелистер“

1. РАБОТНИЧКИ 3 3 0 281 256 25 2

2 .ЕУРО НИКЕЛ 3 2 1 262 253 9 5

3 .КУМАНОВО 3 2 1 249 246 3 5

4. АКАДЕМИЈА ФМП 3 2 1 257 260 -3 5

5 .ГОСТИВАР АД 3 1 2 253 263 -10 4

6 .ТФТ 2 1 1 161 152 9 3

7. МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 2 1 1 171 169 2 3

8 .ЦРН ДРИМ ГРИН МОБИЛЕ 2 1 1 147 154 -7 3

9. МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА 3 0 3 223 234 -

10 КОЖУВ АД 2 0 2 159 176 -17 2

11 ПЕЛИСТЕР АД 0 0 0 0 0 0 0

12 ВАРДАР 0 0 0 0 0 0 0

И пак само да потсетиме дека екипите на „Пелистер“ и „Вардар“ уште во првото коло пријавија заболени од Ковид 19 па досега не одиграа ниеден натпревар.Сето ова ги натера челните луѓе на федерацијата да извршат промена на термините за одигрување на натпреварите од 4. коло во Првата лига-мажи. Имено 4. коло од Првата лига-мажи, закажано за 11.11.2020 година СЕ ОДЛОЖУВА поради настап на екипите на „Работнички“ и „МЗТ Скопје Аеродром“ во АБА 2 лигата, како и настап на екипите на „Куманово“ и „ТФТ“ во БИБЛ лигата и излегувањето од изолацијата на екипите на „Вардар“ и „Пелистер“ на кој им е потребен одреден временски период за подготовка за следните натпревари. Колото број 4 се презакажува за 14.11.2020 година, а останатите првенствени кола од Првата лига-мажи се поместуваат. Ова само по себе значи дека на 14.11. екипата на „ЕуроНикел„ ке ја чека уште едно тешко гостување кај екипата на „Работнички“ во Скопје.

м.в.