13 КОЛО ОД ВТОРА МАШКА КОШАРКАРСКА ЛИГА БЕЗ ИЗНЕНАДУВАЊА
- СЕ ОЧЕКУВА РАЗВРСКА ЗА ДОИГРУВАЊЕТО ЗА ПРВАТА ЛИГА
13 коло од втората машка кошаркарска лига помина во знакот на фаворити кои славеа сигурни победи па табелите и натаму се исти без особени промени. Ова колко беше некомплетно затоа што поради пандемијата не се одиграа два натпревари: „Борец Баскет“ – „Струмица“ во источната, односно „Хераклеа“ - „Чаир“ во западната група.На истокот многу важна победа на гостински терен во „Куманово“ забележа екипата на „Феникс“ која славеше со резултат 51:59.Екипата на „Ангели“ во ова коло немаше ривал по мерка. Го совлада „Куманово 2“ со убедливи 87:64 и ја задржаа предноста пред конкурентите. Еден од нив е и скопски „Шкупи“ кој без особени проблеми го доби дуелот со фенерџијата „Ролинг“ со резултат 85:68. Најубедливата победа во ова коло му припадна на тимот на „Баскет Кам“ кој го победи „Про Баскет“ во Кавадарци со високи 59:104. Доволно да ја потврди позицијата 4, последната која води во доигрувањето за Првата лига.На западот бидејки не се одигра дербито „Хераклеа“ – „Чаир“ останатите екипи, пред се „Охрид“ и „Партизан Водно Санс“ го искористија тој момент да се доближат до лидерската позиција. Тимот од Охрид, очекувано, го победи најслабиот во оваа конкуренција „Спорт Тим“ од Неготино со 86:76, додека пак „Партизан Водно Санс“ помина лесно во Прилеп, го победи „Мега Баскет“ со високи 80:109. Важен триумф забелеежа екипата на „Тетекс ТТК“ на гости кај „Риниа“ со резултат 67:74 со кој тетовчани останаа во битката за првите четири места кои водат во елиминациската фаза. Шанси за тоа има и „Пелистер Медика карта“ кој викендов беше подобар противник од младиот тим на „Спарта“ нагости со 64:79.
М.В.