МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЕУРОНИКЕЛ УТРЕ МУ ГОСТУВА НА РАБОТНИЧКИ

Заради пандемијата досега во кошаркарското првенство на Македонија се одложија голем број на натпревари па сега кога состојбите колку толку се стабилизираа дојде време да се одиграат оние заостанатите средби.

Токму затоа челниците на КФМ за денес го закажаа натпреварот од првото коло помеѓу “Вардар“ и „Црн Дрим“. Веке за утре се закажани два интересни дуела од 4 односно 5 коло. Дерби натпревар ке одиграат екипите кои според името,традицијата и трофеите значат многу во македонската кошарка.

Утре од 17 часот во рамките на 4 коло со почеток од 17 часот својот дуел ке го одиграат „Работнички“ и „Еуроникел“. Два часа подоцна пресметка на моментално водечките екипи на табелата. Утре од 19 часот во средба од 5 коло ке играат „ФМП“ и „Пелистер“.

м.в.