МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КОИ ЕКИПИ КЕ ИГРААТ ВО ПЛЕЈ ОФОТ КЕ СЕ ДОЗНАЕ ОТКАКО КЕ СЕ ДОИГРААТ ОДЛОЖЕНИТЕ НАТПРЕВАРИ

Со средбите од 22 коло можеме да кажеме дека заврши еден дел од регуларната сезона во првата машка кошаркарска лига. Еден дел затоа што останува да се одиграат уште 26 средби кои беа одложени односно пролонгирани заради настапите на некои клубови на меѓународна сцена. Во ова 22 коло Еуро Никел ја продолжи серијата победи славејки нагости кај ТФТ со 67:83. Кавадарчани до крајот од овој дел имаат уште три средби и тоа на домашен терен. Работнички се спаси во последните минути во дуелот со ФМП и славеше со минимални 68:66. Гостивар си ги намали шансите за плеј оф бидејки загуби од МЗТ 2 со 77:72. Кожув сеуште има теоретски шанси за плеј оф по победата над Црн Дрим со 97:73. Средбите МЗТ - Пелистер и Вардар - Куманово беа одложени.

М.В.