МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЧАНИ ПОДОБРИ ВО ЗАОСТАНАТИОТ НАТПРЕВАР - ПЕЛИСТЕР ПО ВТОР ПАТ ПОРАЗЕН ВО БИТОЛА, ОВОЈ ПАТ ОД ГОСТИВАР

Паузата меѓу две кола кошаркарите ја користат за одигрување на заостанати средби. Конкретно вчера и денес еден натпревар од 4 коло и 3 средби од 6 коло. Екипата на „Кожув“ ја оправда фаворитската улога и лесно го совлада „МЗТ 2“ со 100:79. „Пелистер“ го доживеа и вториот пораз и тоа на домашен терен. Екипата на „Гостивар“ ги совлада битолчани буквално со нивно оружје, ефикасен напад и славеше со 111:115. Денеска својот заостанат натпревар ке го одиграат екипите на „МЗТ“ и „ТФТ“ .

Екипата на „Еуро Никел“ победнички се врати од гостувањето во Струга совладувајки го „Црн Дрим“ со 72:79.

м.в.