МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАВАДАРЧАНИ ДУРИ ПО ПРОДОЛЖЕНИЕ ОД 5 МИНУТИ ГИ ОСВОИЈА БОДЕВИТЕ

13 коло од првата машка кошаркарска лига не донесе никакви изненадувања. Фаворитите си ја оправдаа нивната улога на сите натпревари. „ТФТ“ без поголерми маки убедливо го совлада „Црн Дрим` со 113:82. „Пелистер“ очекувано со „стотка“ се врати од гостувањето кај „Вардар“ со 80:105. И „МЗТ“ не дозволи изненадување во Гевгелија па го совлада „Кожув со 65:82. Можеби мало изненадување е тесната победа на „Куманово“ на гости кај „МЗТ 2“ со 67:68. Натпреварот „ФМП“ - „Еуро Никел“ го оправда епитетот дерби. Кавадарчани водеа речиси цел натпревар за да на крај попушти концентрацијата и мораа да се спасуваат. Но сепак се изборија за продолженија откако средбата заврши 80:80. Предводени од искусниот Соколов кој во финишот превзеде се во свои раце „Еуро Никел“ заслужено победи со 89:94 и фати приклучок со водечките екипи. Соколов реализираше 25, хрватот Рикиќ 21 заедно со 12 скока,Влаховиќ додаде 18 а Мијатовиќ 17.

Кај „ФМП“ бековите искомбинираа 65 поени. Крстајиќ 34 а Харис 31 и беа единствени двоцифрени во својот тим.

м.в.