ДЕВОЈКИТЕ КЕ ОДИГРААТ УШТЕ 6 КОЛА ВО КОИ ТРИТЕ ЕКИПИ ОД ЕДНАТА ГРУПА КЕ ВКРСТАТ СО ТРИТЕ ЕКИПИ ОД ДРУГАТА ГРУПА
Раководството на кошаркарската федерацијата како и за мажите разговараше и со претставниците на Здружението на Прва лига-жени како да продолжи ова натпреварување по завршувањето регуларниот дел од сезоната.
Со поединечното изјаснување на клубовите, четири клуба учесници во натпреварите во Суперлигата од Прва лига-жени и тоа Вардар, Крива Паланка, Баскет КАМ и Работнички беа за предлогот, лигата да продолжи со вкрстување на екипите од едната група-Исток со екипите од другата група-Запад, секој со секого на домашен и гостински терен односно шест нови кола. Екипите на Бадел и Струга се изјаснија за вториот предлог, лигата да продолжи со двокружен бод систем односно секој со секого на домашен и гостински терен, со десет новиодиграни кола. Откако ке се одиграат уште шестте нови кола ќе бидат познати четирите екипи кои ќе се борат за титулата во женска конкуренција. Суперлигата во женска конкуренција треба да стартува овој викенд односно на 10 април и би се играла до 28 април.
Во оваа втора фаза од шампионатот се пласираа по трите најдобро пласирани екипи од двете групи, Исток и Запад, со пренесени бодови од првиот дел од првенството. Паралелно со мечевите од Суперлигата ќе се играат и оние од плеј-аут лигата.
М.В.