МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„ЕУРО НИКЕЛ“ ТРЕБАШЕ ДА ИГРА СО КУМАНОВО НО ТИЕ ИМААТ „БИБЛ“ ОБВРСКИ А НА “ПЕЛИСТЕР“ НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ДА ИГРА ВО ЧЕТВРТОК

Денес и утре се играат две заостанати средби од првата машка кошаркарска лига. Денес од 17.30 ке се одигра заостанатиот натпревар од 7 коло помеѓу екипите на „ФМП“ и „Кожув“. Фаворит поради фактот што натпреварот се игра во Скопје е екипата на „ФМП“. Утре во истиот термин од 17.30 исто така во Скопје но во натпревар од 5 коло силите ке ги одмерат „МЗТ 2“ и нивниот постар брат , првиот тим на „МЗТ“. На оваа средба фаворитот однапред е познат и се освен победа на постариот брат ке биде огромно изненадување. И екипата на „еуро Никел“ требаше да го одигра заостанатиот натпревар со „Куманово“ во Кавадарци. Но поради настапот на кумановчани во БИБЛ лигата средбата и натаму ке биде одложена. Нашиот тим му понудил на „Пелистер“ да го одиграат и со нив заостанатиот натпревар но битолчани не прифатиле да играат во четврток. Сега останува нашиот состсав да се подготви што подобро и максимално мотивирани да го пречекаат дуелот со Гпостивар закажан за во сабота со почеток во 18 часот во салата „Јасмин“ во Кавадарци

м.в.