МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Покрај него кавадарчани под договор ги имаат уште Николовски, Соколов, Караколев и Стојановски

Ивица Димчевски членот на златната генерација на македонската репрезентација која во 2011 година го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија го продолжи договорот со својот сегашен клуб Еуро Никел на уште две сезони. Тој се пресели во Кавадарци минатото лето кога го напушти Гостивар по четири години поминати во овој тим. За Еуро Никел одигра 33 натпревари во домашното првенство и имаше голем придонес во пласманот во полуфиналето од домашниот плеј оф. Просечно постигнуваше по 8,7 поени и 4,7 скока по натпревар. Покрај него, под договор за претстојната сезона Еуро Никел ги има уште и Кирил Николовски, Никола Караколев, Дарко Соколов и Лука Стојановски. Ако кон овие се додат и оние помладите предводени од младинскиот репрезентативец Тоше Златев, тогаш тренерот Горанн Самарџиев има добра платформа за создавање нна респектабилен состав

М.В.