КАТАСТРОФАЛНОТО ИЗДАНИЕ ВО ПРВАТА ЧЕТВРТИНА ГЛАВНА ПРИЧИНА ЗА ПОРАЗОТ НА ЕУРО НИКЕЛ Во рамките на редовното 15 коло во кошаркарското првенство вечерва во салата „Јасмин“ кошаркарите на „Работннички“ го совладаа тимот на „Еуро Никел“ со резултат 83:84.До оваа победа центарци дојдоа благодарение пред се на перфектната прва четвртина која ја добија со 11:30 и речиси беспрекорниот шут за три поени. Кавадарчани возвратија прво во вториот период кој го добија со 28:20 а потоа и во третиот со 21:12 па во последните 10 минути се влезе со скор од 60:62. На почетокот на последниот период домакините за прв пат израмнија а веднаш потоа и поведоа со 1 разлика но следуваа неколку избрзани шута и противникот повторно се одлепи. „Работнички“ играше мудро на долги напади а на самиот крај во пенал завршница имаа и повеке срека па на крај си заминаа со полн плен.Кај гостите Бундовиќ со 27 поени и 12 скока беше најдобар поединец.17 поени даде Николовски од кои 5 тројки,а Балмазовиќ средбата ја заврши со 12 поени односно 4 тројки. Кај „Еуро Никел“ перфектно деби имаше американецот Дубински со 22 поени 6 скока и 6 асистенции,Рикиќ даде 17 поени и 15 скока, Петровски даде 12 а Перовиќ 10.
м.в.