МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Еуроникел се врати во второто полувреме но сепак загуби со 94-83

Кошаркарите на Пелистер го совладаа ЕуроНикел со 94-83 и поведоа со 1-0 во полуфиналната плејоф-серија подобар од три. Битолчани сега се само на чекор до историско прво финале во клупската историја, за што им треба уште еден триумф.

На вчерашниот меч Еуроникел во првото полувреме играа под сите нормативи и можности. Битолчани максимално ги искористија сите грешки на противникот и нивната анемичност и на полувремето водеа со 52:27.

Кавадарчани се поправија во вториот дел но само за да дојдат до пристоен пораз бидејки немаа сили за ништо повеке. Мало е оправдувањето што Еуроникел полуфиналето го одигра без повредените Соколов и Николовски. Особено во играта на Еуроникел се почувствува неиграњето на Соколов кој сезонава е прва виолина на кавадарчани. Вториот меч се игра утре во Кавадарци, додека евентуалната „мајсторка“ би се играла во вторник, повторно во Битола. Во второто полуфинале, МЗТ го совлада ТФТ со 77-52.

Утре (29.05.2022, недела) со почеток во 18:30 минути на домашен терен во С.С. Јасмин го пречекуваме тимот на КК Пелистер во вториот натпревар од полуфиналето. По поразот во првиот натпревар, само победа е опција за нашите момци, за која неопходна ќе биде Вашата поддршка.- велат од раководството на МКК Еуроникел.

М.В.