КОШАРКАРИТЕ НА ЕУРОНИКЕЛ ЗА ПРОТИВНИК ГО ИМААТ РАБОТНИЧКИ НО СКОПЈАНИ КЕ ЈА ИМААТ ПРЕДНОСТА НА ДОМАШЕН ТЕРЕН
Полуфиналната серија од кошаркарскиот плеј оф односно дуелите на четирите екипи кои го поминаа четвртфиналето а тоа се Пелистер, Работнички, ЕуроНикел и МЗТ Скопје ќе стартува веќе утре односно во среда 26 мај. Eкипите учесници го прифатија календарот кој за доигрувањето го подготви комесарот за натпреварување. Според овој календар првите натпревари во полуфиналната серија која ќе се игра според системот „подобар во три натпревари“ или до две победи, во кои предност на домашен терен ќе имаат подобропласираните екипи во регуларниот дел, ќе се одиграат утре на 26. мај (среда). Ова значи дека првите полуфинални двојки се Пелистер - МЗТ и Работнички - ЕуроНикел. Следниот натпревар на теренот на послабопласираните екипи, е предвиден да се одигра на 28 мај (петок), додека евентуалните трети натпревари на програмата се на 30 мај (недела), одново на теренот на подобро пласираните екипи. Финалисти на плеј-офот ќе бидат двете екипи кои први ќе постигнат две победи во двете полуфинални серии.
М.В.