Шампионот МЗТ и куп победнникот ТФТ ке ја најават новата сезона чиј старт е закажан за 8 октомври
Екипите кои ги освоија трофеите во минатата сезона, шампионот МЗТ Скопје и куп-носителот ТФТ први ќе излезат на терен на официјални натпревари за сезоната 2022/2023, а исто така со меѓусебен дуел ќе ја отворат новата сезона во македонската кошарка. Скопските екипи ќе се борат за пехарот во Суперкупот, а нивната пресметка е закажана за 28 септември. Тоа ќе биде вкупно седми дуел годинава на овие две екипи и воедно најава за стартот на Првата македонската кошаркарска лига кој е планиран за 8 октомври. Претходно, од 21 до 25 септември во Скопје ке се одржи квалификациски турнир за пласман во Лигата на шампионите на кој ќе учествува ТФТ, а веднаш по натпреварот од Суперкупот, меѓу 30 септември и 3 октомври, МЗТ Скопје ќе го означи враќањето во елитната дивизија од АБА лигата, со дуелот против Црвена Звезда во Белград.
М.В.