МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЕУРОНИКЕЛ КЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО ДОНЕСЕ ЧЕТВРТИОТ ШАМПИОНСКИ ПЕХАР ВО СВОИТЕ ВИТРИНИ

Продолжува кавадаречката спортска ренесанса.

Фудбалерите на Тиквеш влегоа во прва лига а ракометарите и следната сезона ке играат во ракометната елита.

Се чека да се види дали кошаркарите ке бидат онаа јаготка на врвот на шлагот. Утреверечер во Скопје кошаркарите на ЕуроНикел ја почнуваат финалната серија во кошаркарското првенство. По цели девет години кавадаречките кошаркари ке играат во големото финале и ке се обидат во своите витрини да го донесат четвртиот шампионски пехар. Нема да имаат нималку лесна задача бидејки против себе ке го имаат составот на МЗТ за кој ова ке биде 15 финале или веке девето финале во серија а во претходните 8 финалиња освоија 7 титули.

Металците ке се обидат да ја освојат двојната круна сезонава но кавадарчани се преискусни и знаат како се играат големи натпревари па ке сторат се пехарот да дојде во нивни раце. Финалната серија се игра во три добиени натпревари или подобар од пет а термините за натпреварите се 2, 4, 6, 8 и 10 јуни.

М.В.