МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Фени Индустри и покрај незавидната финансиска состојба го победи Кожуф во Кавадарци и покажа дека кога се сака може и без пари

И без пари, и во услови кои се далеку од основни за нормално функционирање, Фени Индустри сеуште го има победничкиот менталитет. И додека многумина му најавуваат лош крај на поранешниот македонски и балкански шампион, Фени по поразот од МЗТ му се врати на победите, декласирајќи го тимот на Кожув со 93-77, во натпревар во кој сите, па дури и оние најмладите успеаа да се запишат во листата на стрелците.

По изедначената прва четвртина, во наредните два квартали Фени предводен од изворедниот годинава Горјан Марковски, капитенот Петровски и искусниот Магдевски создаде недостижни +19, предност која остана актуелна се до самиот финиш во кој втор пат во само три дена можност да ги покажат своите квалитети имаа и Кицев, Златев, Мелов и Кицев кои заедно искомбинираа 11 поени, сосема доволно за гостите да не успеат да намалат речиси ништо од високата негатива, и за голема победа на домашниот тим од 93-77.

Новиот триумф го остава Фени на делба на третата позиција со тимот на Гостивар, но и повторно го поставува прашањето дали бизнис секторот и локалната самоуправа конечно ќе се одважи и ќе му помогне на тимот кој го промовира градот на највисоко ниво веќе цела деценија, барем до крајот на полусезоната.

Во следното коло, Фени му гостува на претпоследно пласираниот тим на Пелистер.

Д.Уневски