МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

И кавадарчанецот Тоше Златев ке биде дел од репрезентацијата која ке учествува на европското првенство Б дивизија

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 20 год. отпатува кон грузиската престолнина каде од 15 до 24 јули ќе учествува на Европското првенство Б-дивизија и ќе се обиде и оваа генерација да ја однесе во елитната конкуренција.Нашата селекција е во групата Б, заедно со домаќинот Грузија, Шведска, Австрија и Косово. Во нокаут фазата ќе се пласираат првопласираните две репрезентации во групата. Непосредно пред тргнувањето, селекторот Никола Василев во консултација со помошниците Нино Чачиќ и Сашо Тодоровски ги одреди 12. кошаркари кои ќе учествуваат на шампионатот. Најважно е тоа што сите здравствени проблеми се решени и репрезентацијата е комплетна. За Тбилиси отпатуваа: Марин Петков, Никола Василевски, Марко Миловановиќ, Гоце Петрушевски, Андреј Митревски, Павел Данаиловски, Филип Наков, Амар Хот, Лука -kСавичевиќ, Тодор Златев, Никола Младеновски и Андреј Андоноски. Да потсетиме дека Тбилиси и Грузија беа среќни минатата година за македонската кошарка кога женската М16 селекција без пораз го освои ФИБА челенџот.

М.В.