КАВАДАРЕЧКИТЕ МЛАДИ КОШАРКАРКИ БЕА ПОРАЗЕНИ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО ОД БАДЕЛ И ДЕНЕС КЕ ИГРААТ СО ВАРДАР
Во финалето од завршниот турнир во женска М16 конкуренција ке играат Крива Паланка и Бадел.Кошаркарките на Крива Паланка се изборија за пласман во финалето откако во првото полуфинале беа подобри од кошаркарките на Вардар.
Крива Паланка доминираше во првиот период но Вардар го искористи нивното опуштање во втората четвртина па на полувреме беше 33:32 за Паланка. Во второто полувреме Вардар немаше сили да се спротивстави па Крива Паланка забележа убедлива победа од 71:55. Во второто полуфинале Бадел успеа да го совлада тимот на Трокал. Кавадарчанки парираа во првата четвртина но Бадел притисна во втората па на полувреме водеше со 44:31.Во вториот дел Бадел само рутински ја одржуваше таа предност се до конечни 81:66.Значи денеска во големата сала на СРЦ „Кале“ во борба за третото место ке играат Трокал - Вардар а во големото финале Бадел - Крива Паланка
М.В.