МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Блесок на петнаесетгодишниот Чадамов кој покажа дека со Златев се иднината на кавадаречката кошарка

Екипата на ЕуроНикел синока го совлада Кожув во последниот контролен натпревар пред почетокот на новата сезона во домашното првенство. Овие две екипи во изминатиов викенд се сретнаа во Гевгелија и тогаш славеше домаќинот со 75-71. Овој пат Еуро Никел се одмазди триумфирајќи со убедливи 98-71. На овој натпревар гевгеличани одиграа без Чез Вилијамс кој се вакцинираше но зато Самарџиев доверба им укажа на сите од клупата па и на најмладите кои апсолутно ја оправдаа истата.Тодор Златев не постигна поени но одигра квалитетно во нападот и одбраната и средбата ја заврши со 5 скока. Најмладиот во составот на Еуро Никел, Андреј Чадамов кој има само 15 год (род. 2006) со прикажаното покажа дека со Златев се темелот за иднината на кавадаречката кошарка. Чадамов постигна една тројка од два обиди, украде 2 топки реализираше 2 контри и средбата ја заврши со 7 поени и 1 скок.Што се однесува до самиот натпревар Еуро Никел го доби првиот период со 33-22,вториот со 23-19, третиот со 23-13 а последниот со 19-17 за конечни 98-71. Овие бројки доволно зборуваат што се случуваше на теренот во салата Јасмин. Листата на стрелци ја предводеа американците Калахан со 17 и Дејвис со 15 поени. Самарџиски постигна 13 поени, 9 скока и 1 блокада а Томиќ даде 11 поени со 7 скока од кои 3 офанзивни. Соколов реализираше 9 поени, Ѓекиќ 8, Чадамов и Димчевски 7, Штерјов 5, Караколев 4 и Милков 2. Кај Кожув најефикасни беа поранешните членови на Фени Индустри - Николовски со 15, Пајиќ и Симоновски по 12

М.В.