МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

УТРЕ ВО СКОПЈЕ КЕ СЕ СУДРАТ МЛАДОСТА НА ФМП ПРОТИВ ИСКУСТВОТО НА ЕУРОНИКЕЛ

Викендов на програмата во првата машка кошаркарска лига се средбите од редовното 13 коло. Поинтересен натпревар ке одиграат „Работнички“ и „Гостивар“. „Работнички“ не е тоа што беше некогаш а гостиварчани фатија залет и држат чекор со водечките екипи. Неизвесно би требало да биде и на средбата „Кожув“ и „МЗТ“, две екипи на кои сезонава не им цутат розите.Но „МЗТ“ е во натпреварувачки ритам и на домашна и на меѓународна сцена па е благ фаворит. „ТФТ“ е фаворит против „Црн Дрим“, а и „Пелистер“ на гостувањето кај „Вардар“ како и „Куманово“ на гостински терен кај „МЗТ 2“. Сепак епитетот дерби на колото треба да го добие средбата „ФМП“ - „Еуро Никел“. Двете екипи добро котираат на табелата имаат амбиции за висок пласман и во добра натпреварувачка форма се. Останува да се види дали ке биде пресудна младоста на скопјани или искуството на кавадарчани. Да споменеме само дека во заостанатиот натпревар кој се одигра ввчера екипата на „МЗТ“ ја прекина победничката серија на „ТФТ“ и славеше со 91:78.

м.в.