Кавадарчани го ангажираа Џонатан Дејвис од Борац Бања Лука а загубија во контролката со ТФТ
Екипата на Еуро Никел принудно ја раскина соработката со центарот Теодор Атанасов кој ова лето дојде во Кавадарци. Имено Атанасов не можеше да извади македонско државјанство поради што, ако останеше, ќе фатеше место за странски играч. Намерата на раководството и стручниот штаб на Еуро Никел беше последното место за странец да го пополни со бек, па поради тоа му се заблагодари на Македонецот роден во Србија. Во исто време, клубот ја оствари својата цел и го донесе американскиот бек Џонатан Дејвис кој минатата сезона ја помина во Борац Бања Лукакаде во просек постигнуваше по 11. Претходно, тој беше член на Лејкленд Меџик, филијалата на Орландо. Чекајки го Дејвис да пристигне во Кавадарчани Еуро Никел одигра контролен натпревар со екипата на ТФТ. Славеа гостите со 79-74, по неизвесна борба во текот на целиот натпревар. Најефикасни кај гостите беа новајлијата Костовски како и американците Смит, Бродвеј, Џон и Хортон а поради ситна повреда не играше петтиот странец Ленард. Според последните информации двете екипи веке утре ке одиграат уште еден контролен натпревар овој пат во Скопје.
М.В.