МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Иако кавадарчани водеа со 17 разлика на крај загубија со 14 разлика

Екипата на Еуроникел како го доби натпреварот со Гостивар идентично го загуби натпреварот со ТФТ на гости. Кавадарчани одлично го почнаа натпреварот и се чинеше дека лесно ќе дојдат до победата. Првиот период го добија со 12-21 а на полувреме водеа со 29-41. Највисоката разлика Еуроникел ја достигна на стартот од второто полувреме кога поведе со 46-29. Но, тука кавадарчани несватливо застанаа а почна пресвртот на ТФТ. На крајот од третиот период да биде само 59-61 за Еуро Никел. Со една серија од 10-0 во средината на последниот период ТФТ отиде на 76-66 и потоа мирно го приведе мечот кон крај за конечни 85-71. Хортон во редовите на ТФТ, постигна 23 поени и 15 скока а Костоски додаде 20 поени. Кај Еуро Никел, Самарџиски постигна 16 поени, Ѓекиќ 11, а Дејвис и Соколов по 10.Во останатите средби ФМП - Пелистер 66-89 , МЗТ - Кожув 89-71, Работнички - Феникс 94-90, Гостивар - Куманово 85-72 и Ангели - МЗТ 2 73-90. Во следното коло Еуроникел ке го одигра големото дерби бидејки во Кавадарци ке гостува тимот на МЗТ

М.В.