МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НАМЕСТО НА 3. ОКТОМВРИ НОВАТА СЕЗОНА КЕ ЗАПОЧНЕ НА 10. ОКТОМВРИ

Новата натпреварувачка сезона 2020/2021 во Првата кошаркарска лига-мажи наместо во првично испланираниот термин 3. октомври, ќе стартува седум дена подоцна, односно на 10. октомври. Ова е одлуката која на заедничкиот состанок ја донесоа раководството на кошаркарската федерација и претставниците на клубовите од Првата лига-мажи. Двете страни едногласно заклучија дека поради актуелниот момент, потребно e одложување на стартот на новата сезона за седум дена. Само да споменеме дека претходно екипата на „Работнички“ ја извести јавноста дека се појавил позитивен тест на COVID-19, во редовите на тимот од Градски парк. Станува збор за американскиот плејмејкер Демиер Питс, кој ја продолжи соработката со „Работнички“.

м.в.