МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЕУРОНИКЕЛ ГО ВРАТИ ДУБИНСКИМладиот американец беше меѓу најзаслужните за вицешампионската титула минатата сезона

Kошаркарите на ЕуроНикел одамна не биле во ваква кризна состојба во која се наоѓаат по воведните 6 кола. Само една победа и 5 порази во серија. Сите аларми веке се запалени кај кавадаречкиот прволигаш. Лошиот жреб,неочекуваните потреби и слабата игра на поединци му ја зголеми главоболката на тренерот Самарџиев. Првиот центар во тимот Предраг Самарџиски се повреди и веке неколку кола не може да им помогне на соиграчите. Џонатан Дејвис не ги оправда очекувањата па управата на клубот ја раскина соработката со него. Димчевски ии Тимиќ сеуште делуваат некако срамежливо и не го дале својот максимум. Конечно и една убава вест за тренерот Самарџиев и екипата на Еуроникел. Во клубот се враќа човекот кој минатата сезона заедно со Рикиќ беше клучна алка на патот до вицешампионската титула. откако се испразни местото по заминувањето на Дејвис управата реагираше експресно и успеа да го договори Џексон Дубински. Тој настапуваше во Литванија во екипата на Јонова и веке денеска ке пристигне во Кавадарци а во недела ке се најде во составот на дуелот против Феникс.

М.В.

255312930_622825598864640_6783123111937450106_n 254734316_436871164673737_1105319149821336638_n