МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кај девојките ПроБаскет го пречекува МЗТ а Трокал му гостува на Патриот

Кошаркарите на Еуроnикел забележаа многу важна победа на домашен терен, во салата „Јасмин“ совладувајки го ТФТ со 80-74. Во последните минути помирната пенал реализација им донесе на кавадарчани седми триумф во сезоната. Гостите од Скопје беа подобар противник во првото полувреме кое го решија во своја корист со резултат 33-37. Еуроникел се врати во второто полувреме и почна да ги казнува грешките на противникот за водство кое го завери со тројка Ѓекиќ за 75-68. Во пенал завршницата кавадарчани беа посмирени и сепак среќно стигнаа до победата од 80-74. Со 18 поени, Томиќ беше прв стрелец кај Еуроникел, Ѓекиќ застана на бројката од 17 додека 14 уфрли Калахан. Кај ТФТ, Ташовски и Хортон дадоа по 14, поени а Костоски 13 поени.

И девојките викендов ги играат редовните кола. Во елитната група А играат Баскет Кам – Кр.Паланка, Бадел - Струга, Работнички – Вардар и во борбата за опстанок во сабота од 17.00 часот во салата ДТВ Партизан екипата на Про Баскет го пречекува МЗТ.

Во групата Б се среќаваат: Гостивар – Гризли, Куманово – Тим Арена, Мега Баскет – Риниа а дербито се игра во Делчево каде во недела од 14 часот екипата на Трокал му гостува на Патриот.

м.в.