ПРВОЛИГАШИТЕ ОДИГРАА ДВЕ ЗАОСТАНАТИ СРЕДБИ А ДЕВОЈКИТЕ ДЕНЕСKA ГО ИГРААТ РЕДОВНОТО 11 КОЛО

Вчера се одиграа две заостанати средби од првата машка кошаркарска лига. Вториот тим на „МЗТ“ во фуриозен финиш успеа да го добие „Вардар“ со 89:86 додека „Кожув“ во Гевгелија го совлада „Гостивар“ со убедливи 90:74 и остана во трка за пласман во плеј офот.Денеска ке се одиграат и средбите од редовното 11 коло во првата женска кошаркарска лига. Девојките од „Пробаскет“ денеска ке одиграат интересен и важен натпревар на домашен терен против екипата на „Баскет Кам“. Имено досега „Баскет Кам“ има стопостотен ефект од 5 средби и исто толку победи додека нашите девојки имаат 6 одиграни средби со скор од 4 победи и два порази. Оваа средба може да одлучи дали „Пробаскет“ ке се пласира во плеј офот или ке игра во плеј аутот. Во групата исток каде играат кавадаречките кошаркарки „Вардар“ е лидер со 12 бодови а во плеј офот ке се пласираат првите три екипи но во конкуренција се 4 екипи. Покрај лидерот „Вардар“ во игра се „Баскет Кам“ , „Пробаскет“ и „Крива Паланка“. Во последното коло ние гостуваме во Паланка каде не треба да загубиме повеке од 7 поени. Но доколку денес се совлада „Баскет Кам“ екипата на „Пробаскет“ со една нога ке биде во плеј офот. Нашиот втор претставник во првата женска лига е екипата на „Трокал“ но тие настапуваат во групата запад каде во моментов се седми со 2 победи и 5 порази. Денеска тие му гостуваат на тимот на „Струга“ кои засега се без пораз во 6 натпревари.

м.в.