Кавадаречките кошаркари славеа на гости кај директниот конкурент, екипата на Феникс со 84-88
На 4 кола до крајот се разжестува борбата за место во плеј офот во првата машка кошаркарска лига.. Во редовното 18 коло се постигнаа следниве резултати. Пелистер - МЗТ 2 99-89, МЗТ – Ангели 96-70, ТФТ – Гостивар 95-86, ФМП – Работнички 83-70 и Кожув – Куманово 95-80. Во директната пресметка за место во плеј офот се сретнаа Феникс и Еуроникел. Во натпревар исполнет со доста резултатски и играчки промени, победија кавадарчани кои се прва екипа која успеа да го победи дебитантот во Првата лига на негов терен, во СЦ „Јане Сандански“., По првата четвртина Еуроникел водеше со 18-19 а на полувреме и со 33-43. Феникс се врати во третиот период и го превзеде водството но Дубински, Калахан, Соколов и Николовски ги вратија кавадарчани во игра и натпреварот влезе во пенал завршница во која кавадарчани имаа помирна рака. Одлична партија на Дубински кој средбата ја заврши со 25 поени и 8 асистенции и високи 77 % реализација од поле или само 2 промашувања на целиот натпревар. Николовски додаде 15 поени и 9 скока а Соколов и Калахан по 10 поени.Во третото коло од оролоџото во првата женска елитна кошаркарска група А Про Баскет загуби на гостувањето кај Вардар со 78-64. Во големото дерби помеѓу двете најквалитетни екипи Бадел и Баскет Кам славеа гостите со 70-72 а МЗТ ја доби Струга со 69-58.Во 15 коло од првата женска кошаркарска лига група Б се постигнаа следниве резултати Куманово – Риниа 67-48, Шкупи – Патриот 54-67 и Гостивар – Мега Баскет 65-7. Во дербито Гризли го совлада Трокал со 61-44 и поради подобрата кош разлика во меѓусебниот дуел ке го превземе врвот бидејки кавадарчанки се слободни во следното коло.
М.В.