МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Тие го добија женското финале над Бадел со 79-75.

Победата е заслужена, а со неа Вардар ја прекина доминацијата на Бадел, затоа што оваа екипа три години по ред го освојува пехарот во Купот на Македонија.

Првата четвртина заврши со минимална предност на Вардар од 24-22, а „црвено-црните“ го контролираа резултатот и до крајот на полувремето, заминувајќи на одмор со пет поени позитива (42-37).

На стартот од последната четвртина блесна Пејковска, која ги постигна првите осум поени за Бадел, па резултатот беше израмнет (60-60). Проблемите на Вардар се зголемија откако на шест и пол минути до крајот петтата лична грешка ја заработи Муса, која дотогаш беше најдобра во редовите на „црвено-црните“.

Во вистински момент одговорноста ја превзеде Американката Ватс, погодувајќи три слободни фрлања, но исто така и изнудувајќи чекори од Трајчевска на спротивната страна, за водство од 68-65 и напад на минута и пол до крајот. Ова кошаркарка со слободни фрлања ја запечати победата, 69-65.

Муса беше најдобра на теренот со 23 поени, 11 скока и три украдени топки, Ватс постигна 11 поени за „вардарки“, додека Деловска и Ѓорчева постигнаа по десет за освојувачките на пехарот. Најдобри поединки кај Бадел при денешниот пораз беа Лескароска со 20 и Трајчевска со 17 поени.